Гафарова и Бајрамов ги побараа по телефон своите турски колеги Шентоп и Чавушоглу

Претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов го изразија своето жалење поради изјавата на Бајден настаните од 1915 ги нарече „геноцид“

1627808
Гафарова и Бајрамов ги побараа по телефон своите турски колеги Шентоп и Чавушоглу

Претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов ги побараа по телефон своите турски колеги претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на кои им го изразија своето жалење поради изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој настаните од 1915 година ги окарактеризира како  „геноцид“.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната медија информира дека добил телефонски повик од претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова која го изразила своето жалење поради изјавата на американскиот претседател Бајден. 

Шентоп во споделената објава напиша: "Видов дека сме едногласни по прашањето на тоа дека овие изјави се во политичко својство, дека немаат историска и правна вредност и дека нема да обезбедат полза за регионалниот мир. Многу и благодарам на ценетата претседателка на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова поради тоа што со љубезност и чувствителност секогаш е покрај нас."

Во меѓувреме, и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов оствари телефонски разговор со со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Според добиени информации од дипломатски извори, во телефонскиот разговор азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов ја повтори поддршката на неговата земја на Турција и рече дека неприфатливо е наново да се пишува историјата искривувајќи се историјата.

 



Слични вести