Амбасадорот на САД во Анкара Сатерфилд повикан во МНР

Амбасадорот на САД во Анкара Дејвид Сатерфилд е повикан во Министерството за надворешни работи кадешто му е пренесена силната реакција поради изјавата на претседателот Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“

1627717
Амбасадорот на САД во Анкара Сатерфилд повикан во МНР

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара Дејвид Сатерфилд поради изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“.

На американскиот амбасадор Сатерфилд му е пренесена силната реакција на Турција против наведената изјава. 

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека е регистрирано дека изјавата на американскиот претседател Бајден е неважечка и го информира следното: „На амбасадорот Сатерфилд му е пренесена нашата силна реакција во врска со наведената изјава. Му е сугерирано дека ја оценуваме за неприфатлива, во потполност ја отфрлуваме и на најсилен начин ја осудуваме оваа изјава која не располага со била каква историска и правна основа.“

На американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд исто така му е пренесено дека изјавата на американскиот претседател Бајден е неважечка од аспект на меѓународното право и дека длабоко го навреди турскиот народ и им нанесе тешко излечива рана на односите.

 



Слични вести