Шентоп: Не постои ниту еден од правните услови за дефинирање на настаните од 1915 година како геноцид

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека не постои ниту еден од правните услови за дефинирање на настаните од 1915 година како геноцид

1627489
Шентоп: Не постои ниту еден од правните услови за дефинирање на настаните од 1915 година како геноцид

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека не постои ниту еден од правните услови за дефинирање на настаните од 1915 година како геноцид како што се тврди.

Шентоп појасни дека политичкиот став што ќе го заземат Соединетите Американски Држави (САД) во врска со настаните од 1915 година, ќе покаже дека примената не е во суштината туку само во ставот на новата управа.

Во врска со соопштението за коешто се наведува дека ќе го објави американскиот претседател Џо Бајден,  Мустафа Шентоп го рече следното: „Доколку тоа се случи ќе остане како политичка изјава. Нема било каква правна основа. Доколку историските прашања во Турција се презентираат на овој начин со политички одлуки, и Турција секако може да  донесува одлуки во однос на американската историја. САД се една од земјите кои имаат највалкана историја по ова прашање.“

„Изговорите коишто ерменската страна ги прифаќа во спротивност со историските вистини и се обидува да им ги наметне на другите земји, причинуваат сенка врз напорите за нормализирање на односите помеѓу Турција и Ерменија.“ - порача претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп.

 



Слични вести