Остри реакции од политичарите во Турција против изразот на Бајден „геноцид“

Продолжуваат да пристигнуваат остри реакции од политичарите во Турција против изразот „геноцид“ којшто американскиот претседател Џо Бајден го употреби во врска со настаните од 1915 година

1627682
Остри реакции од политичарите во Турција против изразот на Бајден „геноцид“

Растат реакциите коишто пристигнуваат од Турција против изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој настаните од 1915 година ги окарактеризира како „геноцид“.

Потпретседателот Фуат Октај, покажувајќи остра реакција на изјавата на американскиот претседател Бајден, го истакна следното: „Ја отфрламе направената проценка во врска со настаните од 1915 година кои се показател за искривување на историјата, за политички пресметки. Оваа изјава којашто се базира на невистинитите измислени тврдења на Ерменците и со која се изоставуваат од вид маките и болките на масакрираните Турци од страна на ерменските бунтовници, нема никаква вредност кај нашиот народ и историјата. Нашите архиви се отворени за оние кои сакаат да ги видат вистините.“

Претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели, рече: „Во достоинственото минато на турскиот народ нема ниту срам од геноцид, ниту понизност од масакр. Нашата историја е целосно чиста и по ова прашање.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, велејќи „ја осудуваме и негираме (порекнуваме)“ изјавата на Бајден, рече: „На претседателот на САД му препорачуваме да погледне кон сопствената историја и сегашноста.“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, истакна дека најостро ја проколнуваат изјавата и го рече следното: „Поради тоа што Вашингтон го избра патот да причини сенка врз нашата достоинствена, чесна историја, доживуваме еден крајно несреќен, жалосен ден од аспект на нашите билатерални односи. Властите на САД при давање на оваа изјава за жал потклекнаа пред барањата на лоби средините.“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, ја изнесе следната констатација: „Ја отфрламе изјавата која не располага со историска и правна основа и која се базира на невистинити тврдења.“

Портпаролот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) Фаик Озтрак, укажувајќи дека изјавата на Бајден премина во историјата како голема грешка, рече: „Ги дочекуваме со жалење изјавите со коишто се обвинува нашата земја.“ 

 



Слични вести