МНР на Турција ја проколна изјавата на Бајден кој настаните од 1915 година ги нарече „геноцид“

Министерството за надворешни работи објави соопштение во кое се истакнува следното: „Не ја прифаќаме и ја проколнуваме на најсилен начин изјавата на американскиот претседател што ја даде на 24 април, во врска со настаните од 1915 година“

1627664
МНР на Турција ја проколна изјавата на Бајден кој настаните од 1915 година ги нарече „геноцид“

Турција соопшти дека се проколнува изјавата на американскиот претседател Џо Бајден во која настаните од 1915 година се окарактеризирани т.н. „геноцид“.

Изјавата на претседателот на САД за настаните од 1915 година во потполност ја отфрламе и најостро ја осудуваме

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Не ја прифаќаме и ја проколнуваме на најсилен начин изјавата на американскиот претседател што ја даде на 24 април, во врска со настаните од 1915 година. Изјавата на претседателот на САД кој за донесување пресуда во однос на историски прашања не е ниту правно ниту морално надлежен, и нема никаква вредност.“

Во соопштението се вели дека „Не постои ниту еден од потребните правни услови дефинирани во меѓународното право во врска со настаните од 1915 година да биде употребен изразот 'геноцид'“, а воедно се додава следното: „Еден ваков став само ќе биде во услуга на срамно оштетување на историјата. Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) отворено го дефинира контраверзното својство на настаните од 1915 година. Од друга страна, и предлогот на Турција што го достави за формирање на Заедничка историска комисија во правец на оформување на една праведна меморија под светлината на научните вистини во однос на тој период, и покрај тоа што ерменската страна никако не покажа приод на тоа, денеска сеуште ја зачувува својата валидност.“

Во соопштението се нагласува дека Турција која се наоѓа во центарот на една географија која се нарекува колевка на цивилизациите и која и покрај сите доживеани болки вложувањето на напор за мирот и спокојството го прифаќа за свој патоказ, никогаш не се воздржува и од соочување со сопствената историја.

„Турција нема (не е во состојба) да земе лекција од никого по ова прашање, вклучувајќи ги и САД.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

 



Слични вести