Халид ал-Мешри: Остануваме посветени на постигнатите договори со Турција

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри истакна дека остануваат посветени и потпишаните договори со Турција

1627292
Халид ал-Мешри: Остануваме посветени на постигнатите договори со Турција

Претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри даде изјави во врска со меморандумот за разбирање за воена и безбедносна соработка и меморандумот за разбирање во врска со разграничувањето на сферите на надлежност до морето коишто беа потпишани помеѓу Либија и Турција во 2019 година.

Мешри истакна дека остануваат посветени и на двата потпишани договори со Турција.

„Што се однесува на изјавите во една италијанска новинска агенција коишто и се препишуваат на госпоѓата министерка за надворешни работи (Лејла ал-Менгуш), потврдуваме  дека остануваме посветени  и на двата потпишани договори со државата Турција, како и на претходно потпишаните договори со другите земји во било која друга сфера.“ - рече претседателот на Високиот државен совет на Либија Халид ал-Мешри

 



Слични вести