Калин: Нема да му дозволиме никому да манипулира со нашата заедничка болка и историја

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со настаните од 1915 година напиша: „Нема да му дозволиме никому да манипулира со нашата заедничка болка и историја“

1627317
Калин: Нема да му дозволиме никому да манипулира со нашата заедничка болка и историја

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин на својот профил на социјалната мрежа Твитер го сподели соопштението на претседателот на Унијата на ерменскита вакафи (фондации) и претседател на Фондацијата на ерменската болница Сурп Пиргич Бедрос Шириноглу, во врска со настаните од 1915 година.

Калин во споделената објава напиша: „Злонамерното искористување на историјата за тесногледа политичка агедна, нема да помогне ниту за минатото, ниту за иднината. Нема да му дозволиме никому да манипулира со нашата заедничка болка и историја.“

Инаку, претседателот на Унијата на ерменските вакафи Бедрос Шириноглу во врска со настаните од 1915 година го истакна следното: „Оние кои се вклучени кон прашањето со политички мотиви, САД, Европската унија (ЕУ) и некои други земји ги сметам далеку од добронамерен приод.“

 

 



Слични вести