Изјава од претседателот Ердоган во врска со операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак

Претседателот Ердоган во врска со операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот дел на Ирак, рече: „Нашата цел е целосно да го искорениме терористичкото присуство за коешто се настојува да се формира и да ги елиминраме аканите на нашите јужни граници“

1627598
Изјава од претседателот Ердоган во врска со операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се започнати против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак го рече следното: „Нашата цел е целосно да го искорениме терористичкото присуство за коешто се настојува да се воспостави и да ги елиминраме заканите на нашите јужни граници.“

Претседателот Ердоган се поврза преку линк во живо во Командниот центар на операциите  „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се започнати против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак.

Ердоган рече: „Нашата цел е целосно да го искорениме терористичкото присуство за коешто се настојува да се воспостави и да ги елиминраме заканите на нашите јужни граници. Сепаратистичко-терористичката организација и тероризмот апсолутно немаат место во иднината, ниту на Турција, ниту на Ирак, ниту на Сирија. Ќе ја продолжиме нашата борба се додека не го исушиме коренот на овие толпа убијци кои не му носат ништо друго на нашиот регион освен крв, солзи и рушевини.“

Велејќи дека претставува повод за одделен понос искористувањето во максимален степен на домашните и националните производи на одбранбената индустрија во реализираните операции, претседателот Ердоган рече: „Во операцијата (Шепа-Молња и Шепа-Гром) во која е отворен оган врз засолништата-скривниците и пештерите, досега се неутрализирани голем број терористи. Одлучни сме да го искорениме тероризмот и целосно да ги спасиме нашите граѓани од терористичката неволја.“

„Во оваа борба којашто се води со начинот на разбирање (ако умрам сум шехид, ако останам сум газија), не признаваме ниту една сила која би можела да му се спротивстави на нашиот војник Мехметчик. Оваа операција која се реализира почитувајќи го територијалниот интегритет на Ирак, ќе обезбеди значајни придонеси во воспоставувањето на мирот и стабилноста во регионот.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести