Азербејџанскиот претседател Алиев ја осуди изјавата на Бајден во врска со настаните од 1915 година

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека ја осудува изјавата на Бајден со која настаните од 1915 година ги окарактеризира како т.н. „геноцид“ и оваа негова изјава ја окарактеризира како „историска грешка“

1627683
Азербејџанскиот претседател Алиев ја осуди изјавата на Бајден во врска со настаните од 1915 година

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја осуди изјавата на американскиот претседател Џо Бајден со која настаните од 1915 година ги окарактеризира како т.н. „геноцид“. 

Алиев соопшти дека ја осудува изјавата на Бајден и оваа негова изјава ја окарактеризира како „историска грешка“. 

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган претходно оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Притоа двајцата лидер, Ердоган и Алиев, во телефонскиот разговор разменија мислења во однос на тоа кои заеднички чекори би можеле да бидат преземени од страна на Турција и Азербејџан, под светлината на последните случувања.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во разговорот нагласи дека изјавата на Бајден им наштетува сериозно на тенденциите за соработка коишто се појавуваат во регионот и истакна дека Азербејџан секогаш стои покрај Турција.



Слични вести