Акар: Во Метина и Авашин-Басјан се погодени од копно приближно 400 цели, а над 60 цели од воздух

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во областите Метина и Авашин-Басјан на северот на Ирак приближно 400 цели се погодени со артилериски орудија од копно, а повеќе од 60 цели од воздух

1627691
Акар: Во Метина и Авашин-Басјан се погодени од копно приближно 400 цели, а над 60 цели од воздух
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Açıklama.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Оперативниот центар на Копнените сили  им се обрати преку видео-конференција на командантите на воените единици кои учествуваат во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“, започнати против терористите во северниот дел на Ирак.

Министерот Акар во врска со започнатите прекугранични операции против терористичките цели во областите Метина и Авашин-Басјан на северот на Ирак,  истакна дека со помош на артилериски орудија се погодени приближно 400 цели, а со помош на елементите на Воздухопловните сили повеќе од 60 цели на терористите.

Велејќи дека операциите („Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“) против терористичките цели во регионот се започнати во сабота во 17:40 часот по турско време, Акар информира дека приближно 400 цели се погодени од копно со артилериски орудија, а повеќе од 60 цели од воздух.

Хулуси Акар привлече внимание дека е установено оти сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК сеуште го продолжува своето присуство во некои области на северот на Ирак, продолжува да формира свои нови места за засолнување и позиции и е во подготовка за реализирање на напади против елементите на Турските вооружени сили (ТВС).

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар го рече следното: „Во областите Метина и Авашин-Басјан се започнати операции во правец на нашите права за самоодбрана коишто произлегуваат од меѓународното право, а со цел неутрализирање на ПКК/КЏК и другите терористички елементи, елеминирање на терористичките напади од северниот дел на Ирак против нашиот народ и нашите воени бази и обезбедување на нашата гранична безбедност.“

 



Слични вести