Во подрачјето на операцијата Извор на мирот се неутрализирани четворица терористи

Министерот за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ

1627146
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот се неутрализирани четворица терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани четворица терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Според објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер, турските јуначки командоси реализираа уште една успешна операција во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија.

Во операцијата се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган за нарушување на спокојството и средината на доверба во подрачјето.

Турските вооружени сили (ТВС) и Сириската национална армија (СНА) со реализирање на прекуграничната операција Извор на мирот (9 октомври-25 ноември 2019 година) против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ која сакаше да формира терористички коридор во северниот дел на Сирија, го исчистија ова подрачје од тероризмот.

 



Слични вести