Во Медитеранот потона еден гумен чамец – 100 мртви

Француската невладина организација СОС Медитеранç 'Денес, по повеќечасовно пребарување за жал се оствари нашиот најголем страв

1627021
Во Медитеранот потона еден гумен чамец – 100 мртви

 

Според првите сознанија, 100 нерегуларни мигранти ги загубија своите животи во Медитеранот како резултат на потонување на гумениот чамец во кој се наоѓаа.

Во соопштението на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на профилот на Твитер со седиште во Женева, беше истакнато дека има извештаи дека најмалку 100 лица загинале во морската несреќа што се случи во Централниот Медитеран.

Во соопштението на Француската невладина организација СОС Медитеран, која учествуваше во активностите за пребарување и спасување во Средоземното море, беше истакнато следното: „Денес, по повеќечасовно пребарување за жал се оствари нашиот најголем страв. Екипажот на Викинг Океан мораше да биде сведок на остатоците од гумениот брод северо-источно од Триполи. Во средата наутро беше објавено дека чамецот пренесувал 130 луѓе и бил во неволја“.

Исто така беше споделена информацијата дека бродот Океан Викинг на СОС Медитеран, веднаш штом пристигнал на местото на настанот пронашол најмалку 10 трупови и не биле пронајдени преживеани.



Слични вести