Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со американскиот претседател Џо Бајден

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден

1627178
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со американскиот претседател Џо Бајден
Erdoğan_Biden_3.jpg
erdogan biden.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со американскиот претседател Бајден го нагласи значењето од разрешување на прашањата како што се присуството на ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација) во САД и поддршката којашто САД ја даваат на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија.

Во соопштението се нагласува дека Ердоган и Бајден постигнаа согласност по прашањето на значењето од заедничко работење со цел проширување на соработката, а исто така се вели дека двајцата лидери се договорија по прашањето на одржување билатерална средба на претстојниот  Самит на НАТО во месец јуни со цел разгледување на билатералните и регионалните прашања.

Исто така и во објавеното соопштение од Белата куќа се истакнува претседателот Ердоган и претседателот Бајден остварија телефонски разговор и дека двајцата претседатели се договорија по прашањето на одржување билатерална средба на претстојниот  Самит на НАТО во месец јуни со цел разгледување на билатералните и регионалните прашања.

Во соопштението воедно се вели следното: „Бајден во разговорот со Ердоган го нагласи проширувањето на соработката, ефикасното управување со несогласувањата и конструктивните билатерални односи.“

 



Слични вести