Претседателот на Собранието Шентоп прими 23 ученици

Борбата на Турција да стане голема и силна земја е штафетна трка

1627028
Претседателот на Собранието Шентоп прими 23 ученици

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, на денешните деца, возрасните на иднината им се обрати со зборовите: „Се надеваме дека ќе имате можност да живеете во многу подобри денови, посилна и поголема Турција. Вие ќе бидете тие кои ќе изградите и основате една ваква Турција“.

Вчера Мустафа Шентоп по повод 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето прими 23 деца.

Шентоп, на приемот разговараше со децата и одговараше на нивните прашања, ги информаше за формирањето на Големото национално собрание на Турција и 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.

Шентоп, го слушаше интонирањето на химната на Турција и песните што ги прочитаа децата, потоа на децата им го честиташе празникот.

Шентоп, кој беше домаќин на децата во неговата канцеларија во рамките на програмата, своето место му го предаде на ученикот од  второ одделение  Мирач Ејмен Каја.

Во своето обраќање до децата Шентоп рече: „23 април 1920 година, датумот кога започна нашата борба за независност предводена од Големото национално собрание на Турција, од страна на Ататурк им беше подарен на децата и стана празник. Тоа беше прв празник во светската историја кој им беше подарен на децата и тоа го направи Турција. Зошто им беше подарен на децата? Затоа што децата се нашата иднина. Сега Ататурк и неговите другари не се живи. После тоа, децата на нивните другари го презедоа знамето, потоа тие починаа, потоа нивните деца го презедоа знамето, па нивните деца. Така дојде и нашиот ред. По некое време, вие ќе пораснете и ќе дојде вашиот ред. Ние знамето ќе ви го предадеме на вас“.

Борбата на Турција да стане голема и силна земја е штафетна трка рече Шентоп и им го честиташе празникот на децата.

„Се надеваме дека ќе имате можност да живеете во многу подобри денови, посилна и поголема Турција. Вие ќе бидете тие кои ќе изградите и основате една ваква Турција“ рече Шентоп.



Слични вести