Пораки со честитки од лидерите по повод 23-ти април

Искрено и од се срце им го честитам Денот на националниот суверенитет и Празник на децата на сите граѓани и особено децата

1626895
Пораки со честитки од лидерите по повод 23-ти април
kilicdaroglu.jpg
devlet bahceli.jpg

Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп рече дека и денес продолжуваат да го чуваат истото убедување  за решеноста за единство и работење со сета сила на големиот народ како што тоа беше пред 101 година.

Мустафа Шентоп по повод 101-та годишнина од отворањето на Големото национално собрание на Турција и 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и празник на децата објави порака со честитки.

Шентоп во пораката изјави дека поѓајаќи од честа и гордоста по повод одбележувањето на 101-та годишнина од основањето на Големото национално собрание на Турција, искрено и од се срце им го честита Денот на националниот суверенитет и Празник на децата, потенцирајќи дека формирањето на Големото национално собрание на Турција, што е манифестација на националната волја, чие основање помина со големи тешкотии и изнесува над еден век, е дар на херојската нација која не ја предаде својата слобода по цена на своите животи.

Подвлекувајќи дека се свесни за оваа одговорност, Шентоп рече: „Во оваа пригода, сакам да изразам благодарност и да подвлечам дека со гордост, добрина и милост се сеќаваме на основачот на нашата Република, Гази Мустафа Кемал Ататурк, неговите колеги и другари по оружје, сите наши пратеници кои служеа под покривот од нашето прво собрание до денешното Гази (ветеранско) Собрание, поетот на нашата национална химна Мехмет Акиф, по повод 100-та годишнина од усвојувањето на турската химна. Како и сите херои кои храбро, без размислување ги жртвуваа и положија своите животи во војната за независност“.

Претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу Празникот на детето 23 април на децата им го честиташе во живо.

Кемал Киличдароглу видео снимката од неговата средба со децата од Турција и странство ја сподели преку профилот на социјалните мрежи.

Претседателот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели исто така, 23 април, Денот на националниот суверенитет и Празник на децата го честиташе со пораката што ја објави на својот профил на Твитер.

Девлет Бахчели, во својата порака, упати пофални зборови на првиот претседател на Големото национално собрание на Турција, Гази Мустафа Кемал Ататурк, респектните пратеници на Првото Собрание, пратениците кои починале, нашите херои, а на пратениците кои денес се живи, им посакувам долг живот”.



Слични вести