Порака од Ердоган по повод 23-ти април

Нашето Големо собрание ќе продолжи да постои засекогаш како одраз на националната волја

1626823
Порака од Ердоган по повод 23-ти април

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган рече: „Нашето Големо собрание, кое беше бомбардирано од членовите на предавничката ФЕТО на 15 јули 2016 година, ќе продолжи да постои засекогаш како одраз на националната волја“.

Претседателот Ердоган објави порака со честитки по повод 23 април, Денот на националниот суверенитет и Празник на детето.

Според соопштението на Дирекцијата за комуникации на претседателство, Ердоган во пораката им ја 101-та годишнина од формирањето на Големото национално собрание на Турција и 23-ти април, Денот на националниот суверенитет на Турција и Празник на детето, потенцирајќи дека овој исклучителен ден кој (основачот на Република Турција) Мустафа Кемал им го подари на децата во светот, посака денот да биде аирлија за земјата, нацијата и децата.

Изјавувајќи дека парламентот преживеа многу неволји од 23 април 1920 година, Ердоган рече дека титулата „гази“ (ветеран) што ја стекна во војната за независност (1919-1922),  по втор пат ја доби по обидот за воен удар на 15 јули. „Нашето Големо собрание кое во минатото беше изложено на пучеви, хунти, обиди за старателство и терористички напади, последен пат на 15 јули 2016 година, беше изложено на бомбардирање од страна на предавничката терористичка организација ФЕТО, поради што како одраз на националната волја, ќе продолжи да го одржува своето присуство засекогаш. Продолжуваме да работиме со голема ангажираност и вложуваме големи напори за изградба на поголема, посилна и попросперитетна Турција за нашата нација која под кровот на Големото национално собрание на Турција се обедини околу идеалот поголема и посилна Турција, се со цел на идните генерации да им оставиме земја со која ќе се гордеат.

Со бескрајна благодарност се сеќаваме на нашиот прв претседател на Големото национално собрание на Турција, основач на Републиката Гази Мустафа Кемал, шехидите (хероите) и газиите (ветераните). Од се срце им го честитам овој посебен празник на сите наши деца “.



Слични вести