Патријархот Машалјан: Не растажува тоа што настаните од 1915 се користат за политички цели

85. патријархот на Ерменците во Турција Машалјан истакна дека настаните од 1915 година од страна на некои земји се користат за дневни политички цели и дека тоа ги растажува

1627159
Патријархот Машалјан: Не растажува тоа што настаните од 1915 се користат за политички цели

85. патријарх на Ерменците во Турција Сахак Машалјан истакна дека настаните од 1915 година од страна на некои земји се користат за дневни политички цели и дека тоа ги растажува.

Машалјан даде изјави во врска со настаните од 1915 година и го рече следното: „И ние исто како нашите предводници покојни патријарси ќе продолжиме да ги изнесуваме нашите желби за мир, пријателство и благосостојба помеѓу Турците и Ерменците.“

Тој рече: „Настаните од кои изминаа 106 години, оценувајќи ги како болен исклучок од илјадо годишната заедничка историја, ќе ги поттикнуваме за интензивна изградба наново на нашите односи над заеднички соседски именители и заеднички придобивки.

Нагласувајќи дека историските настани од страна на некои земји се користат за политички цели и дека тоа ги растажува, Машалјан рече: „Тензиите коишто ги создава пренесувањето на ова прашање со децении на дневниот ред на парламентите, не се во услуга на зближувањето на двата народи, спротивно на тоа провоцирајќи ги непријателските чувства стануваат причина за доцнење на помирувањето.“

„Првенствено треба да се воспостават мостови на пријателство и искреност. Вреднувањето на историските настани само во една ваква средина ќе биде многу поконструктивно и задоволувачко. Ете се посакува третите релевантни земји да дадат поттикнувачки придонес во тој правец.“ - порача 85. патријарх на Ерменците во Турција Сахак Машалјан.

Во меѓувреме, и шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, му се заблагодари на Машалјан за овие негови изјави во врска со настаните од 1915 година, поради тоа што рече дека диживеаните болки во минатото не треба да се доведуваат во средство (да се користат) за дневни политички цели.

 



Слични вести