Чавушоглу оствари средба со грузискиот колега Давид Залкалијани

Задоволен сум што се сретнав со мојот пријател, грузискиот министер за надворешни работи Залкалијани во Букурешт

1626844
Чавушоглу оствари средба со грузискиот колега Давид Залкалијани

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари средба со грузискиот министер за надворешни работи Давид Залкалијани.

Чавушоглу во објавата преку профилот на твитер во врска со средбата истакна: „Задоволен сум што се сретнав со мојот пријател, грузискиот министер за надворешни работи Залкалијани во Букурешт. Разговаравме за нашите регионални и билатерални односи“.

Министерот Чавушоглу рече дека на средбата со својот колега ја повториле решителноста за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. „Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија“.



Слични вести