Чавушоглу: Нашите напори за мир и поддршката на нашите авганистански браќа ќе продолжат на силен начин“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во говорот што го одржа овде во врска со мировниот процес во Авганистан рече: „Нашите напори за мир и поддршката на нашите авганистански браќа ќе продолжат на силен начин“

1627154
Чавушоглу: Нашите напори за мир и поддршката на нашите авганистански браќа ќе продолжат на силен начин“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Авганистан и Пакистан што се одржа во Истанбул.

Министерот Чавушоглу во говорот што го одржа овде во врска со мировниот процес во Авганистан рече: „Нашите напори за мир и нашата поддршка на нашите авганистански браќа ќе продолжи на силен начин.“

Велејќи дека Авганистан и Пакистан се братски земји, а нивните народи се братски народи за Турција, Чавушоглу подвлече дека Турција располага со силни врски со овие земји кои доаѓаат од историјата.

Чавушоглу нагласи дека на денешниот трилатерален состанок се стекнаа со можност за разгледување на можностите за силна соработка за просперитетот на народите со воспоставување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, а особено беше разгледан мировниот процес во Авганистан.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „(Мировниот процес во Авганистан) Нашите напори за мир во наредниот период и поддршката на нашите авганистански браќа секако ќе продолжат на силен начин.“

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши, рече: „Единственото решение во Авганистан е политичкото решение за коешто се преговара.“

Авганистанскиот министер за надворешни работи Ханиф Атмар, рече. „Авганистан себе си се посветил на мировниот процес. Нашата желба да одржиме состанок со вклучување на сите засегнати страни, е постојана.“

Во објавената заедничка декларација од страна на Турција, Пакистан и Авганистан се упатува повик за приврзаност кон компромис со Талибан којшто ќе биде инклузивен (сеопфатен) и за кој ќе се преговара.

Во заедничката декларација се истакнува дека се цени напорот што го вложуваат Турција, Катар и Обединетите нации (ОН) за организирање состанок на високо ниво во Истанбул со цел забрзување на мировните преговори за Авганистан.

 



Слични вести