Утре во Истанбул ќе се одржи трилатерален министерски состанок меѓу Турција, Авганистан и Пакистан

Во рамките на состанокот освен за случувањата во контекст на мировниот процес во Авганистан, ќе се разговара и за соработката меѓу трите земји во однос на прашања како што се безбедноста, енергијата, поврзаноста и нерегуларната миграција

1626403
Утре во Истанбул ќе се одржи трилатерален министерски состанок меѓу Турција, Авганистан и Пакистан

Трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Авганистан и Пакистан ќе се одржи утре во Истанбул.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека во рамките на состанокот освен за случувањата во контекст на мировниот процес во Авганистан,  ќе се разговара и за соработката меѓу трите земји во однос на прашања како што се безбедноста, енергијата, поврзаноста и нерегуларната миграција.

Во соопштението исто така се вели дека освен тоа на маргините на станокот се планира министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу да одржи и билатерални средби со своите авганистански и пакистански колеги.

 



Слични вести