Турција и Катар ја зајакнуваат одбранбената соработка

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир и началникот на Генералштабот на Катар Ганим бин Шахун ал-Ганим во Доха ги разгледаа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Катарските вооружени сили и Претседателството за одбранбена индустрија

1626101
Турција и Катар ја зајакнуваат одбранбената соработка

Началникот на Генералштабот на Катар Ганим бин Шахун ал-Ганим се состана во Доха со претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир со кого разговараа за прашања посветени на одбранбената соработка.

Според веста на Катарската новинска агенција (КНА или QNA), претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир кој допатува во посета на Доха и началникот на Генералштабот на Катар Ганим бин Шахун ал-Ганим на остварената средба ги разгледаа можностите за уште повеќе зајакнување на соработката помеѓу Катарските вооружени сили и Претседателството за одбранбена индустрија.

Инаку, на чело на производите во сферата на одбранбената индустрија коишто ги купува Катар од Турција се наоѓаат наоружаните беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ (Bayraktar TB2), бродови за обука и сомулатори за поморска одбрана.

Од Турција во Катар во периодот 2019-2020 година е остварен извоз на производи во сферата на одбранбената и воздухопловната индустрија во износ од над 220 милиони долари.

Извозот на Турција остварен во оваа земја во првите 3 месеци на 2021 година достигна до околу 18,1 милион долари.



Слични вести