Претседателот на ТРСК Ерсин Татар на 26 април ќе се состане со претседателот Ердоган во Анкара

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар соопшти дека пред неформалниот состанок посветен на Кипарското прашање што ќе се одржи на 27-29 април во формат 5+1 во Женева на 26 април во Анкара ќе се состане со претседателот Ердоган

1626097
Претседателот на ТРСК Ерсин Татар на 26 април ќе се состане со претседателот Ердоган во Анкара

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар соопшти дека на 26 април (понеделник) во Анкара ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Татар даде изјави додека продолжуваше состанокот на Владата со којашто претседаваше за прв пат по доаѓањето на должност.

Ерсин Татар соопшти дека пред неформалниот состанок посветен на Кипарското прашање што ќе се одржи на 27-29 април во формат 5+1 под водство на Обединетите нации (ОН), а со учество и на гаранторските земји Турција, Грција и Велика Британија, на 26 април ќе отпатува во Анкара на средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар информира дека на средбата со претседателот Ердоган ќе направат проценка на новата политика којашто ќе ја презентира кипарско-турската страна заедно со Турција во градот Женева во Швајцарија, односно дека решението со две држави кои ќе живеат една покрај друга на основа на суверена еднаквост веќе претставува единствен реален пат меѓу потрагите за решение.



Слични вести