Претседателот Ердоган: Стратешката соработка на глобално ниво е од големо значење

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на Лидерскиот климатски самит преку виртуелна средина, истакна дека од големо значење е да се постигне стратешка соработка на глобално ниво, на чело со зелената трансформација, како и во други сфери

1626633
Претседателот Ердоган: Стратешката соработка на глобално ниво е од големо значење

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со поврзување преку линк во живо учествуваше на Лидерскиот климатски самит, во виртуелна средина, на кој учествуваат лидерите на 40 земји и кој се одржува под водство на Соединетите Американски Држави (САД).

Претседателот Ердоган во својот говор истакна дека од големо значење е да се постигне стратешка соработка на глобално ниво, на чело со зелената трансформација, како и во други сфери.

Ердоган рече: „Според нашата декларација за придонес, во периодот 2012-2030 година ќе бидат спречени 1 милијарда 920 милиони тони емисии на стакленички гасови.“

Тој истакна дека шумските простори на Турција во последните 18 години од 20,8 милиони хектари се проширени на 23 милиони хектари.

Велејќи „со Проектот нула отпад процентот на  рециклирање на отпадот во 2035 година ќе го зголемиме на 60 отсто“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Турција која речиси нема историска одговорност во емисиите на стакленички гасови, треба да се вреднува на фер начин, праведно, во глобалниот климатски режим. Од големо значење е да се постигне стратешка соработка на глобално ниво, на чело со зелената трансформација, како и во други сфери. Под услов да бидеме вреднувани во исти услови со земјите со слично економско ниво, ќе продолжиме да придонесуваме за глобалната климатска акција.“

 

 



Слични вести