Од Егејското Море во близина на Чанаккале и Измир спасени 131 мигрант

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на градовите Чанаккале и Измир спасија 131 мигрант кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1626032
Од Егејското Море во близина на Чанаккале и Измир спасени 131 мигрант

Во близина на градовите Чанаккале и Измир се пасени 131 мигрант кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража по добиени информации за забележани група мигранти качени во два гумени чамци во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале веднаш преминаа во акција и пристигнаа на утврденото место.

Притоа од морето беа спасени 101 лице качени во два гумени чамци за кои е дознаено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Во близина на населеното место Чешме кај градот Измир, исто така беа спасени од морето и извадени на копно 30 нерегуларни мигранти кои од страна на екипите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените нерегуларни мигранти меѓу кои се наоѓаа и жени и дева, по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција.



Слични вести