Ердоган: Ќе продолжиме да ги браниме вистините наспроти лагата за т.н геноцид над Ерменците

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да ги брани вистините наспроти лагата за т.н „геноцид над Ерменците“

1626597
Ердоган: Ќе продолжиме да ги браниме вистините наспроти лагата за т.н геноцид над Ерменците

На Високиот советодавен совет што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип беа разгледани новиот Устав, антидемократските иницијативи и клеветата во врска со т.н. „геноцид над Ерменците“.

Претседателот Ердоган во оваа пригода истакна дека Турција ќе продолжи да ги брани вистините наспроти лагата за т.н „геноцид над Ерменците“.

Соопштението во врска со деталите на одржаниот состанок беше објавено од страна на шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун.

Алтун, изјавите на претседателот Ердоган на состанокот во врска со тврдењата за т.н. „геноцид над Ерменците“ ги сподели на следниот начин: „Нашиот претседател истакна дека ќе продолжат да се бранат вистините наспроти лагата за т.н 'геноцид над Ерменците', како и оние кои со политички пресметки застануваат во одбрана на оваа клевета.“

Во врска со другите проценки коишто беа изнесени од страна на претседателот Ердоган на состанокот, Фахреттин Алтун го рече следното: „Нашиот почитуван претседател рече дека посакуваат 100-годишнината од формирањето на нашата Република да ја пречекаат со нов и цивилен Устав за којшто ќе одлучи нашиот народ, а не со пучистички Устав; истакна дека ќе работат со сета сила за подготвување на нов Устав  во усогласеност со потребите на нашата земја и очекувањата на нашиот народ.  

Нашиот почитуван претседател, подвлекувајќи дека со застанување во одбрана на националната волја ќе водат одлучна борба против секој вид иницијатива и реторики против демократијата, рече дека никако не ќе може да се сопре напредокот на Турција.“   

Според соопштението на Алтун, членовите на Високиот советодавен совет на состанокот направија проценка и во врска со чекорите коишто ќе бидат преземени против клеветата со т.н. „геноцид над Ерменците“, а освен тоа го разгледаа и негативниот став на Грција по прашањата на Кипар, Источниот Медитеран и Егејот, како и приситоците врз турското малцинство во Западна Тракија.

 



Слични вести