Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека од страна на турските командоси се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија

1625340
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани четворица терористи

Од страна на турските командоси се неутрализирани четворица терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Нема премин од нашите јуначки командоси за терористите. Од страна на нашите јуначки командоси се неутрализирани четворица терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган врз подрачјето на операцијата Извор на мирот, а со цел нарушување на спокојството и средината на доверба.“

 



Слични вести