Промени во претседателскиот кабинет
Министерството за семејство, труд и социјални услуги беше поделено на две министерства

Направена е промена во претседателскиот кабинет.
Со указот на Претседателството објавен во Службениот весник, министерката за трговија Рухсар Пекчан беше разрешена од должноста, а на нејзино место беше назначен Мехмет Муш.
Министерството за семејство, труд и социјални услуги беше поделено на две министерства и тоа Министерство за семејство и социјални услуги и Министерство за труд и социјално осигурување.
Со поделбата на Министерството на две, заврши должноста на министерката Зехра Зумрут Селчук.
Нова министерка на новоформираното Министерство за семејство и социјални услуги стана Дерја Јаник, додека Ведат Билгин стана министер на Министерството за труд и социјално осигурување.
Со одлуката, бројот на министерства во Претседателскиот кабинет од 16 се зголеми на 17.
Слични вести
