Претседателот Ердоган му се заблагодари на министерот Чавушоглу за одговорите на Дендиас

Му благодарам на нашиот министер за надворешни работи за одговорите што му ги даде на состанокот со грчкиот министер за надворешни работи на заедничка прес конференција

1625805
Претседателот Ердоган му се заблагодари на министерот Чавушоглу за одговорите на Дендиас

 

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија), Реџеп Тајип Ердоган, му се заблагодари на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за одговорите на неговата средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас.

Ердоган, во говорот на состанокот на пратеничката група на партијата во Големото национално собрание на Турција, се осврна на прес-конференцијата на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со неговиот грчки колега кој минатата недела престојуваше во посета на Анкара.

Ердоган во говорот рече:

„Му благодарам на нашиот министер за надворешни работи за одговорите што му ги даде на состанокот со грчкиот министер за надворешни работи на заедничка прес конференција. Никогаш нема да потклекнеме и ќе продолжиме да стоиме исправено. Нашата нација не е нација која ќе живее со таков ланец на ропство околу вратот“.

Министерот Чавушоглу на прес-конференцијата што ја одржа со Дендијас рече:

„Оваа прва посета се надевавме дека ќе продолжи во попозитивна атмосфера, но за жал Никос Дендијас во неговиот говор изнесе крајно неприфатливи обвинетувања насочени против мојата земја. Најпрвин рече дека Турција наводно го прекршува суверенитет на Грција. Тоа не можеме да го прифатиме. Република Турција е способна да ги штити своите права и особено правата во Источен Медитеран и Кипарските Турци и сите наши чекори се насочени за заштита на нашите права. /.../. Со доаѓањето тука во Турција и почнете да ја обвинувате мојата земја, тогаш јас сум принуден да одговорам на истите. Покрај тоа, ние во Турција го прифаќаме грчкото православно малцинство како грчко православно, но не е ниту човечко, ниту е во согласност со меѓународното право вашиот став кон оние кои се изјаснуваат како Турција и велат „Јас сум Турчин“, а вие им одговарате: „Не, не си Турчин, ти само муслиман“.



Слични вести