Ердоган и Рама свечено ја отворија Турско-албанската Болница за пријателство Фиер

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на свеченото отворање на Турско-албанската Болница за пријателство Фиер истакна дека Турција вложува напори за мирот, спокојството, стабилноста и развојот на целиот Балкан, а пред сè на Албанија

1625953
Ердоган и Рама свечено ја отворија Турско-албанската Болница за пријателство Фиер

Претседателот Ердоган со поврзување преку линк во живо учествуваше  на Програмата на свеченото отворање на Турско-албанската Болница за пријателство, изградена во градот Фиер од страна на Турција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека Турција вложува напори за мирот, спокојството, стабилноста и развојот на целиот Балкан, а пред сè на Албанија.

„Рековме дека болницата за пријателство Фиер ќе заврши за 3 месеци. Изградбата на болницата ја завршивме за помалку од 3 месеци. Болницата за пријателство Фиер е доведена во готова состојба за услуга за нашите албански браќа. Болницата која располага со 6 операциони сали, 20 единици за интензивна нега и 130 болнички легла е подготвена за употреба на нашите браќа Албанци.

Во болницата во 23 основни гранки ќе работат рамо до рамо 387 лица здравствен персонал од кои 56 турски и 331 албански државјани. Ние вложуваме напори за мирот, спокојството, стабилноста и развојот на целиот Балкан, а пред сè на Албанија. /.../ Ете денеска, верувам дека додадовме уште една алка на коренитото и мултилатералното турско-албанско-пријателство.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Тој истакна дека со секој поминат ден се повеќе се развиваат турско-албанските односи и подвлече дека Турција повеќе од 30 години како и ја пружа секој вид поддршка на Албанија. за нејзин развој.

Албанскиот премиер Еди Рама пак, кој исто така учествуваше на церемонијата на свечено отворање истакна дека оваа болница освен услугите коишто ќе им ги нуди на пациентите, има и извонредна вредност.

Подвлекувајќи дека успешниот модел на здравствениот систем на Турција којшто заслужува секакво ценење, во иднина ќе биде пример за албанскиот здравствен систем, албанскиот премиер Рама рече: „Турција од надвор и од далеку се гледа како земја која постигнува развој во сите полиња. Меѓутоа, најголемиот, смисловен и стратешки развој на Турција, е зголемената акумулација на знаење, за време на власта на најпрвин премиерот и потоа претседателот (Реџеп Тајјип Ердоган).“

Турско-албанската Болница за пријателство во градот Фиер е изградена на површина од 50 илјади квадратни метри од кои повеќе од 17 илјади квадратни метри се состојат од покриен простор и располага со 6 операциони сали и 6 поликлиники. Изградбата на болницата е во вредност од околу 70 милиони евра.

 



Слични вести