Чавушоглу: „Конференцијата за Авганистан одложена за после Рамазан

Имавме консултации со Kатар, САД и ОН

1625271
Чавушоглу: „Конференцијата за Авганистан одложена за после Рамазан

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека „Авганистанската конференција“, која беше планирана да започне на 24 април во Истанбул, е одложена за по месецот Рамазан.

Мевлут Чавушоглу на еден приватен телевизиски канал направи проценка на дневниот ред.

Чавушоглу изјави дека по одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) да се повлечат од Авганистан, нема потреба да се брза за одржување Конференција за Авганистан што ќе се одржи во Истанбул и во тој контекст рече: „Ние исто така утврдивме дека одложувањето ќе биде корисно од аспект на основањето на делегациите и подготовките. Имавме консултации со Kатар, САД и ОН. Одлучивме конференцијата да ја одложиме по Рамазан, за по Бајраскиот празник (15.05.)“.

Истакнувајќи дека на конференцијата којашто ќе биде отворена од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ќе учествуваат претставници на 21 земја, како и 3 меѓународни организации и двете страни од Авганистан, Чавушоглу рече: „Конференцијата нема да има никаква смисла доколку не учествуваат Талибанците. Бидејќи сè уште не е јасно формирањето на делегациите и учеството, ние заедно ја донесовме одлуката со заеднички консултации за одложување на конференцијата“.

Во врска со претседателските избори најавени за следниот месец во Сирија, Чавушоглу рече дека „Изборите кои ќе се одржат самостојно од режимот не се легитимни и никој нема да ги признае овие избори. Поддршката за нелегитимни избори се коси со нашите принципи“.



Слични вести