Чавушоглу: Договорот од Монтре ќе продолжи да се применува транспарентно и неутрално

Mинистерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција ќе продолжи да го применува транспарентно и неутрално Договорот од Монтре како што прави од 1936 година

1625880
Чавушоглу: Договорот од Монтре ќе продолжи да се применува транспарентно и неутрално

Mинистерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со видео порака учествуваше на вебинарето под наслов „Значењето на трилатералната соработка Турција-Романија-Полска во контекст на безбедносните предизвици донесени со пандемијата“, во организација на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА), Центарот за нова стратегија со седиште во Романија и Центарот за источни истражувања со седиште во Полска.

Министерот Чавушоглу во говорот што го одржа овде, во врска со Договорот од Монтре истакна дека Турција ќе продолжи да го применува транспарентно и неутрално договорот како што прави од 1936 година, но напомена дека секако и договорот насамо не е доволен за да ја воспостави стабилноста.

Велејќи дека светот поминува низ бурни времиња, поместувањата на моќта и празнините, предизвиците како што се тероризмот, климатските промени, лошото управување, сиромаштијата и раселувањето создаваат една искомплицирана безбедносна гатанка. Чавушоглу истакна дека влијанието на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) пак, се чувствува на секое поле.

Мевлут Чавушоглу појасни дека патот за излез од оваа глобална криза поминува од меѓународна солидарност и здрав разум.

Чавушоглу, привлекувајќи внимание дека во поблиската географија се присутни бројни проблеми, истакна дека Нагорно Карабах во последно време покажа оти не постои нешто од видот на замрзнат спор и подвлече дека овие видови кризи потсетуваат колку се витални безбедноста и стабилноста на Црното Море. 

Појаснувајќи дека Црното Море дури и за време на Втората светска војна не стана море на судир, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Основната причина за тоа е формираната чувствителна рамнотежа со Договорот од Монтре. Договорот од Монтре ќе продолжиме да го применуваме транспарентно и неутрално како што правиме од 1936 година, но секако и договорот насамо не е доволен да ја воспостави стабилноста. Растечката затегнатост во регионот не загрижува сите нас. Треба да се избегнува од провокации. Треба да работиме многу за да обезбедиме да преовладеат дипломатијата и дијалогот.“

 



Слични вести