Спасени 113 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати кон турските територијални води

Турската крајбрежна стража во близина на населените места Сеферихисар кај Измир и Ајваџик кај Чанаккале, спаси 113 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1624474
Спасени 113 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати кон турските територијални води

Од водите на Егејското Море во близина на Измир и Чанаккале се спасени и извадени на копно 113 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации дека во морето во близина на населеното место Сеферихисар кај градот Измир се наоѓаат група мигранти качени на два сплава, на утврдените координати беше испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража.

Притоа од морето беа спасени и извадени на копно 59 мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените мигранти меѓу кои се наоѓаа и жени и деца по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на Управата за миграција.

Екипите на Командата на турската крејбрежна стража преминаа во акција по добиени информации дека група мигранти се наоѓаат на гумен чамец и во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале.

Турската крајбежна стража пристигна на утврденото место и спаси 54 мигранти кои се обидувале да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли) и за кои е установено дека од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените нерегуларни мигранти по законските постапки му беа предедени на Центарот за странци за враќање назад во Акваџик.

 



Слични вести