Омер Челик: Ние посакуваме руско-украинската затегнатост да се реши по дипломатски пат

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик рече: „Ние посакуваме руско-украинската затегнатост да се реши по дипломатски пат“

1624473
Омер Челик: Ние посакуваме руско-украинската затегнатост да се реши по дипломатски пат

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик вчера вечер додека продолжуваше состанокот на Централниот извршен совет (МЈК) на партијата се појави пред камерите и одржа прес-конференција.

Челик информира дека на состанокот се разгледуваат внатрешни и надворешни политички прашања и дека едно од прашањата коишто се следат одблизу е спорот помеѓу Украина и Русија.

Омер Челик рече: „Ние посакуваме руско-украинската затегнатост да се реши по дипломатски пат.“

Појаснувајќи дека Турција не ја признава окупацијата на областа Крим на Украина од страна на Русија и дека отворено го изнесува нејзиниот став по ова прашање, Омер Челик рече: „Загинувањето на 20 украински војници, зајакнувањето на воената моќ на Русија во источниот дел на Донбас и источниот дел на Украина и оваа зголемена воена раздвиженост во Црното Море нема да биде корист на никого. Ние посакуваме руско-украинската затегнатост да се реши по дипломатски пат, во рамките на трилатералната контакт група составена од Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).“
 



Слични вести