„Ел Периодико“: Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ја променија природата на војување

Шпанскиот весник „Ел Периодико“ објави напис во кој се истакнува дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) го освојуваат светот и дека ја променија природата на војување

1624897
„Ел Периодико“: Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ја променија природата на војување

Шпанскиот весник „Ел Периодико“ (El Periódico) на своите страници му оддели широко место на успехот на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) и го напиша следното: „Турските беспилотни летала (ИХА) го освојуваат светот. Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ја променија природата на војување. Дијамант на круната на турската армија.“

Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) кои напишаа еп на бојните полиња во Сирија, Либија и Азербејџан, не отпаѓаат од дневниот ред на светскиот печат.

Шпанскиот весник „Ел Периодико“ (El Periódico) исто така оддели широко место на успехот на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“.

Во објавената статија на „Ел Периодико“ (El Periódico) се вели дека турските наоружани беспилотни летала покажаа голем успех во вооружените судири во Сирија, Либија и Нагорно Карабах, а воедно за наоружаните беспилотни летала (СИХА) се прави следната споредба: „Дијамант на круната на турската армија.“

Весникот напиша дека нападот што го започна Асадовиот режим врз, Идлиб во Сирија, беше сопрен од страна на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) и истакна дека за неколку дена заедно со противавионски и воздушно одбранбени системи од руско производство беа неутрализирани и голем број тенкови на Асадовиот режим.

Во веста стои следното: „Поради интервенцијата на турската армија во почетокот на месец мај, епидемијата на Ковид-19 и економската криза во Сирија, замолкна оружјето во земјата.“

Професорот на Универзитетот Навара во Шпанија Михаел Танкум рече: „Ефикасната употреба на наоружаните беспилотни летала (СИХА) на Турција ја промени природата на војната. Но оваа состојба не е поврзано само со наоружаните беспилотни летала (СИХА). Наоружаните беспилотни летала (СИХА) се многу ефикасни, бидејќи се исполнети со софистицирани електронски системи чии трошоци не можат да се помират од страна на голем број земји. Освен тоа, голем број земји не располагаат со обичен персонал што може да ги користи овие системи.“

Весникот напиша дека Владата на национално единство на Либија која е официјален претставник во Обединетите нации (ОН) благодарение на турските наоружани беспилотни летала (СИХА) го сопре Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, кој извршуваше напади против главниот град Триполи, а воедно тие обезбедија можност Владата на национално единство на Либија да премине во против офанзива

Шпанскиот весник „Ел Периодико“, како последно напиша дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) во азербејџански-ерменската војна во Нагорно Карабах (во септември) и донесоа победа на Азербејџан.

 



Слични вести