Фуат Октај: Домашната вакцина против Ковид-19 ќе обезбеди полза ѝ за Турција ѝ за другите земји

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе обезбеди полза ѝ за Турција ѝ за другите земји

1625094
Фуат Октај: Домашната вакцина против Ковид-19 ќе обезбеди полза ѝ за Турција ѝ за другите земји

Потпретседателот Фуат Октај се состана со проф. д-р Серхат Унал, координаторот на третата фаза од испитувањата на домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Октај на остварената средба во претседателската палата "Куллијето" во Бештепе во Анкара, истакна дека домашната вакцина развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе обезбеди голема полза ѝ за Турција ѝ за другите земји. 

Фуат Октај рече дека беа разгледани планирањето на третата фаза во која ќе бидат реализирани најобемните тестирања врз луѓе, методот на кој ќе се работи, потребните протоколарни нацрти и мерките коишто треба да се преземат.

На средбата, Октај нагласи дека е од крајно значење што поскоро да бидат завршени студиите за развивање на вакцина и Турција да се стекне со сопствена вакцина.

Велејќи дека не само Турција, голем број земји имаат потреба од вакцина, потпретседателот Фуат Октај рече: "Постои една сериозна географија којашто не може да обезбеди пристап до вакцина. Ќе биде добра шанса и за тие региони. Ќе обезбеди голема полза, ѝ за нашите граѓани во Турција, ѝ за другите земји."

 



Слични вести