Алтун: Наводните ерменски тврдења претставуваат клевета која се храни од политички пресметки

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун истакна дека наводните ерменски тврдења во врска со настаните од 1915 година претставуваат клевета која се храни само од политички пресметки

1624937
Алтун: Наводните ерменски тврдења претставуваат клевета која се храни од политички пресметки

Од страна на одделот за комуникации на претседателството е организирана „Меѓународна конференција за настаните од 1915 година“.

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во говорот што го одржа на отворањето на конференцијата преку интернет, во виртуелна средина, истакна дека наводните ерменски тврдења во врска со настаните од 1915 година претставуваат клевета која се храни само од политички пресметки.

Алтун потсети дека за време на Првата светска војна ерменските чети соработуваа со непријателот кој ги нападна османлиските територии и ја погодија османлиската војска од грб, поради што во услови на војна со цел заштита на цивилите и одбрана на татковината беа депортирани Ерменците кои живееја во одредени области.

„При применување на оваа безбедносна мерка, во услови на војна којашто продолжуваше со сета жестина, за жал се случија и несакани настани, дојде до човечки загуби ѝ на страната на Турците ѝ на страната на Ерменците, беа доживеани болки. Овие настани ја претставуваат основата на дискусиите коишто се дојдени до денеска, па дури и на клеветите.“ - рече Алтун.

„Денеска, се соочуваме со начин на раскажување со којшто се има за цел да се создаде непријателство од историјата, искривувајќи го притоа заедничкото минато на турскиот и ерменскиот народ кои во текот на вековите живееле во мир и заедно. И се спротивставуваме на оој начин на раскажување.

Ние не ги одделуваме една од друга (не ги држиме различно) болките коишто се доживеани на секое парче од овие територии. Многу добро знаеме дека луѓето, независно од нивното минато, религијата, етничкото потекло, секташката припадност, стотици години живееле братски на овие територии.“ - подвлече Алтун.

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, појасни дека причината поради која дискусиите околу тоа што се случило во 1915 година сеуште продолжуваат по изминати повеќе од 100 години, како што рече е „инсистирањето и инаетот во однос на разгледувањето на настаните од 1915 година во целост како целосно политичко и идеолошко прашање“.

Алтун нагласи дека некои се обидуваат пренесувајќи ги настаните  на политичка и идеолошка основа, да ги доведат во состојба да бидат искористени за империјалистички цели.

 



Слични вести