Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 9 терористи

Министерство за национална одбрана соопшти дека во реализирана воздушна операција на областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани 9 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1624171
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 9 терористи

Во реализирана воздушна операција на областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани 9 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Продолжуваме да им ги рушиме пештерите врз главите на терористите. Со успешна воздушна операција на нашите Воздухопловни сили се неутрализирани 9 терористи на ПКК кои со помош на летала за извидување и набљудување беа утврдени во областа Метина на северот на Ирак. Нашите операции ќе продолжат со одлучност.“

Од друга страна, во реализирана операција против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК во населеното место Татван кај градот Битлис во еден магацин се запленети 500 грама ТНТ калап и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Според објавеното соопштение од Губернијата по налог на Републичкото Главно јавно обвинителство запленетите материјали во својство на доказ се ставени под заштита, а другите материјали се уништени. 

Магацинот пак е доведен во неупотреблива состојба.



Слични вести