Турција и Грција се договорија за одржување на четвртата рунда од состаноците за „мерките за зголемување на довербата“

Министерството за национална одбрана соопшти дека Турција и Грција постигнаа согласност за одржување на четвртата рунда од состаноците посветени на „мерките за зголемување на довербата“

1624301
Турција и Грција се договорија за одржување на четвртата рунда од состаноците за „мерките за зголемување на довербата“

Турција и Грција постигнаа согласност за одржување на четвртата рунда од состаноците посветени на „мерките за зголемување на довербата“.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Министрите за национална одбрана на Турција и Грција постигнаа согласност по прашањето на одржување на четвртата рунда од состаноците во врска со мерките за зголемување на довербата. Датумот и другите детали на планираниот состанок ќе бидат утврдени во скоро време.“

Техничките состаноци во чии рамки се разгледуваат мерките за зголемување на довербата беше одлучено да се одржат по остварената средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по што беа ставени и во примена.

На крајот на состаноците коишто се одржуваат во Штабот на НАТО на 2 октомври 2020 година беше соопштено дека е постигнато заедничко разбирање во „општите принципи“.



Слични вести