Сочувство од Турција до Египет

На загинатите им посакуваме Божја милост, итно заздравување на повредените и сочувство до египетскиот народ и семејствата и роднините на починатите

1623770
Сочувство од Турција до Египет

 

Турција објави порака за сочувство поради железнчката несреќа што се случи во Египет.

Во писменото соопштение објавено од Министерството за надворешни работи (МНР), беше наведено дека со жалење беше примена веста за железничката несреќа што се случи вчера во областа Тух во провинцијата Калјубије во Египет во која загинаа 11 лица, а голем број лица беа повредени.

Во соопштението беше истакнато дека „На загинатите им посакуваме Божја милост, итно заздравување на повредените и сочувство до египетскиот народ и семејствата и роднините на починатите“.

Во соопштението на Министерството за здравство на Египет, беше истакнато дека 11 лица загинале, а 98 биле повредени во железничката несреќа на возот кај градот Тух, а кој што патувал на релација Каиро-Мансура.



Слични вести