Првиот „FSRU“ брод на Турција утре се очекува да пристигне во пристаништето на Хатај

Првиот брод (FSRU-Пловечка единица за регасификација на складирање) за ЛНГ складирање и гасификација на Турција „Ертугрул Гази“ кој е регистриран на име на Турскиот поморски регистар, утре се очекува да пристигна бво пристаништето на Хатај

1624266
Првиот „FSRU“ брод на Турција утре се очекува да пристигне во пристаништето на Хатај
FSRU Gemisi Ertuğrul Gazi.jpg

Првиот брод (FSRU-Пловечка единица за регасификација на складирање) за ЛНГ складирање и гасификација на Турција „Ертугрул Гази“ кој е регистриран на име на Турскиот поморски регистар, утре се очекува да пристигна бво пристаништето на Хатај.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во дадената изјава на 19 март истакна дека очекуваат бродот да пристигне во Дортјол во Хатај на средината месец април, натоварен со ЛНГ. 

„FSRU“ бродот „Ертугрул Гази“  е долг 295 метри, широк 46 метри и висок 63 метри.

Бродот е изграден минатата година во Јужна Кореја и со капацитет на гасификација од 28 милиони кубни метри гас дневно се наоѓа на чело на бродовите со највисок капацитет на гасификација.

Капацитетот на складирање на ЛНГ на бродот пак, изнесува околу 170 илјади кубни метри.

Турција, со своите инвестиции за складирање на природен гас и FSRU (Пловечка единица за регасификација на складирање) има за цел да складира 10 милијарди кубни метри природен гас што изнесува 20 отсто од нејзината годишна потрошувачка.

 



Слични вести