Џонсон: „Европската Супер лига може да биде деструктивна за фудбалот“

Џонсон рече дека ги поддржуваат фудбалските власти за преземање мерки против основањето нова лига

1623856
Џонсон: „Европската Супер лига може да биде деструктивна за фудбалот“

 

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека „Европската Супер лига“, за која се согласи да се основа од 12 клубови од Италија, Шпанија и Англија, може да биде уништувачка за фудбалот.

Џонсон, во објавата на својот профил на Твитер, изјави дека ги поддржуваат фудбалските власти за преземање мерки против основањето нова лига.

Истакнувајќи дека Европската Супер лига може да биде „уништувачка“ за фудбалот, Џонсон рече дека новиот турнир ќе ги погоди и локалните лиги и ќе предизвика загриженост кај навивачите ширум земјата.

„Клубовите пред да преземат нови чекори, мора да одговорат на нивните навивачи и пошироката фудбалска заедница“ рече Џонсон.

Претходно беше најавено дека е постигната согласност за организирање нов турнир наречен „Европска супер лига“ кој ќе се состои од 12 клуба од Англија, Шпанија и Италија.

Во заедничкото соопштение од англиските ФК Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Тотенхем Хотспур, италијанските Милан, Интер и Јувентус, шпански Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид, беше објавена одлуката за формирање на Суперлигата на Европа.

Во соопштението, во кое не беа вклучени информации за деталите за турнирот, беше истакнато дека во лигата, каде што заедно со 15 клубови основачи, вкупно ќе се натпреваруваат 20 клуба, од кои 5 екипи ќе се менуваат секоја сезона.



Слични вести