Министерот Сојлу: Грчките безбедносни сили се обиделе да ги запалат нерегуларните мигранти со бензин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на Твитер напиша: „Обидот на грчките безбедносни сили за палење на луѓето поливајќи ги со бензин, претставува масакр што се врши пред очите на Европа“

1623358
Министерот Сојлу: Грчките безбедносни сили се обиделе да ги запалат нерегуларните мигранти со бензин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео на нерегуларни мигранти кои велат дека грчките безбедносни сили се обиделе да ги запалат со бензин.

Сојлу во објавата напиша: „Европа, се додека продолжува да ја разгалува Грција и да останува нема пред случувањата, ќе премине во историјата како поттикнувач на ова зло.“

Чамец на турската крајбрежна стража кој патролираше во близина на населеното место Чешме кај градот Измир забележа како еден гумен чамец со нерегуларни мигранти во грчките територијални води од страна на грчките елементи се турка (присилно враќа) назад кон турските територијални води.

И покрај сите предупредувања елементите на грчката крајбрежна стража го турнаа чамецот со мигранти кон турските територијални води, по што екипите на Командата на турската крајбрежна стража од турнатиот чамец спасија 41 мигрант кои беа извадени на копно и донесени во пристаништето на Чешме.

Еден нерегуларен мигрант на чија нога беа забележани изгореници им беше предаден на медицинскиот персонал за итна помош.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави снимките како елементите на грчката крајбрежна стража чамецот со мигранти го туркаат (присилно враќаат) назад кон турските територијални води.

Во споделената објава со снимките, еден од спасените нерегуларни мигранти кого грчките безбедносни сили се обиделе да го запалат поливајќи бензин врз него, го вели следното: „Грчката полиција ни ги зеде парите и телефоните. Една жена велејќи ни 'одете оттука' донесе бензин, не полеа со бензин и се обиде да не запали. Полицијата ни рече 'запалени сте поради тоа што не се враќате во Турција'.“

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во врска со овие снимки и изјави на спасените нерегуларни мигранти во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Обидот на грчките безбедносни сили за палење на луѓето поливајќи ги со бензин, претставува масакр што се врши пред очите на Европа. Европа, се додека продолжува да ја разгалува Грција и да останува нема пред случувањата, ќе премине во историјата како поттикнувач на ова зло.“

 



Слични вести