Алтун: Огнот на омраза што го разгоруваат да го изгаснеме со пораката на исламот за мир

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во врска со расистичките реторики и акции насочени против исламот, на Твитер го напиша следното: „Огнот на омраза што го разгоруваат да го изгаснеме со пораката на исламот за мир“

1623420
Алтун: Огнот на омраза што го разгоруваат да го изгаснеме со пораката на исламот за мир

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека европските расисти криејќи се зад изразите како што се слобода и демократија го поттикнуваат насилството против муслиманите, а воедно го упати следниот повик: „Огнот на омраза што го разгоруваат да го изгаснеме со пораката на исламот за мир.“ 

Алтун во споделената објава во врска со расистичките реторики и акции насочени против исламот и светите вредности на исламот, го напиша следното: „Европските расисти криејќи се зад изразите како што се 'слобода' и 'демократија' го поттикнуваат насилството против муслиманите. И оние пред нив не покажаа благонаклоност. И тие не покажуваат. Овој огин на омраза што го разгоруваат да го изгаснеме со пораката на исламот за мир. Аирлија Рамазан.“

Заедно со објавата е споделено и видео подготвено од страна на одделот за комуникации на претседателството, со расистичките изјави на европските екстремно десничарски политичари во врска со исламот, Куранот и муслиманите.

Во видеото се истакнува дека екстремно десничарските движења претставуваат проблем во Европа којшто е во подем и се објаснува дека оваа идеологија се храни од расизмот, исламофобијата, непријателството кон странците (ксенофобијата) и антисемитизмот.

Во видеото се истакнува дека растечката популарност на екстремната десница во Европската унија (ЕУ) претставува крајно загрижувачки развој, а воедно се подвлекува дека ова движење коешто по долгогодишна маргинализација е инспирирано од омразата, е дојдено во состојба на главно движење во голем број западни земји.

 



Слични вести