Во Егејското Море во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 110 мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на населеното место Ајваџик кај Чанаккале спасија 110 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати кон турските територијални води

1622921
Во Егејското Море во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 110 мигранти

Во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале се спасени од Егејското Море и извадени на копно 110 мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води. 

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража по добиени информации дека во две одделни области се наоѓаат мигранти качени на гумени чамци кои се обидуваат да преминат на грчкиот остров Лезбос (турски Мидилли), веднаш преминаа во акција и пристигнаа на утврдените кординати.

Притоа се спасени 110 мигранти качени на два гумени чамци за кои е утврдено дека од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Исто така и во бизина на населеното место Дикили кај градот Измир се спасени 26 мигранити кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води. 

По добиени информации дека во близина на Дикили се наоѓаат група нерегуларни мигранти качени на гумен чамец на утврдените коорднати е испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража.

Притоа се спасени 26 лица за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените нерегуларни мигранти се извадени на копно и по законските постапки се испратени во градската Дирекција на Управата за миграција.

 



Слични вести