Претседателот Ердоган: Турција се покажува како пример во борбата против епидемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција се покажува како пример во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), и од страна на Светската здравствена организација (СЗО), и од страна на западните медиуми

1623184
Претседателот Ердоган: Турција се покажува како пример во борбата против епидемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со поврзување преку линк во живо од дворецот Хубер во Истанбул учествуваше на церемонијата на свечено отворање на мостот „Хасанќејф-2“. 

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна на потфатите коишто ги реализира Турција во сферата на здравството.

Тој рече: „Веќе нашите граѓани не одат во странство за здравствена услуга (лекување). Веќе кога странците доаѓаат во Турција гледаат со импресија кон нашите патишта, мостови и аеродроми.“

Нагласувајќи дека секоја година стотици илјади странци доаѓаат на лекување во болниците во Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Турција се покажува како пример во борбата против епидемијата на Ковид-19, и од страна на Светската здравствена организација (СЗО), и од страна на западните медиуми. Во средина кога приближно 100 земји во светот сеуште не можат да дојдат дури и до првата доза вакцина ние администриравме 20 милиони дози вакцини на нашите граѓани.“

 



Слични вести