Чавушоглу: Состанокот за Кипар во Женева е неформален, овде не почнуваат нови преговори

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржаа заедничка прес-конференција

1622914
Чавушоглу: Состанокот за Кипар во Женева е неформален, овде не почнуваат нови преговори

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) одржа заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој отпатува во посета на Лефкоша.

Претседателот Татар рече: „На разговорите за кипарското прашање што ќе се одржат на крајот на месецот во Женева, нашиот суверенитет, нашата независност и гаранторството на нашата Турција се фактори без коишто се не може.“

Велејќи дека кипарскиот турски народ секогаш и придава значење својата татковина Турција, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар нагласи дека гаранторството на Турција е од големо значење за да би можеле кипарските Турци да живеат независни, слободни и во доверба.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така нагласи дека состанокот (за Кипарското прашање) што ќе се одржи во Женева е неформален состанок и го рече следното: „Овде не започнува ново преговарање.“

Тој рече: „Ние веруваме дека веќе нема да губиме време за федеративно решение и дека треба да се разговара за нови идеи, за нова визија.“

Нагласувајќи дека посакуваат да се започнат нови преговори коишто ќе донесат вистински, смисливен, рамноправен (еднаков) резултат, Мевлут Чавушоглу напомена дека разговорите би можеле да бидат корисни само во овие рамки.

По прашањето на затворањето на курсевите за учење на Куранот во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претседателот Ерсин Татар рече дека "апсолутно не може да стане збор за таква состојба".

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така во врска со ова прашање ја изнесе следната констатација: „Ова е идеолошка одлука. Не е донесена согласно Уставот или според одредбите на Уставот.“



Слични вести