Зеленски: Посакуваме да го зголемиме двократно нашиот трговски обем со Турција од 5,5 милијарди долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека посакуваат да го зголемат двократно трговскиот обем помеѓу Украина и Турција од 5,5 милијарди долари

1622895
Зеленски: Посакуваме да го зголемиме двократно нашиот трговски обем со Турција од 5,5 милијарди долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник „Ле Фигаро“ објавено на интернет страницата на претседателството на Украина, направи проценка на посетата што ја оствари на Турција на крајот на неделата.

Привлекувајчи внимание дека раполагаат со добри односи со Турција, Зеленски рече: „Имаме бројни прашања. На пример, кримските Татари Турци или Кримјаните кои по окупацијата се раселија и останаа без своите домови. Сега за нив ќе изградиме 500 станови.“

Зеленски истакна дека посакуваат да го зголемат двократно трговскиот обем од 5,5 милијарди долари помеѓу Украина и Турција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски укажа на значењето на соработката во Црното Море за неговата земја и ја изнесе следната следната констатација: „Од аспект на безбедноста овде се е поврзано со Турција. Би сакал да располагаме со заеднички став во врска со безбедносната состојба на оваа област.“

Зеленски додаде дека Турција ја поддржува Украина како потенцијална членка на НАТО.



Слични вести