Во близина на Чанаккале спасени 51 мигрант кои биле турнати кон турските територијални води

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража во близина на Чанаккале спасија 51 мигрант кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1622321
Во близина на Чанаккале спасени 51 мигрант кои биле турнати кон турските територијални води

Во близината на Чанаккале од водите на Егејското Море се спасени и извадени на копно 51 мигрант кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража во близина на ‘ртот Кадирга Бурну утврдија група мигранти качени на гумен чамец.

Притоа беа спасени 51 мигрант за кои е установено дека од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (присилни вратени) назад кон турските територијални води.

Спасените мигранти по законските постапки беа испратени во Центарот за странци за враќање назад во Ајваџик кај Чанаккале.



Слични вести