Украинскиот претседател Зеленски најави интензивирање на туризмот со Турција

Украинскиот претседател Зеленски на состанокот на Советот за национална одбрана и безбедност направи проценка на неговата продуктивна посета на Турција на крајот на неделата и истакна дека посакуваат да ги интензивираат туристичките активности со Турција

1622318
Украинскиот претседател Зеленски најави интензивирање на туризмот со Турција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека посакуваат да ги интензивираат туристичките активности со Турција.

Според објавеното соопштение од претседателскиот кабинет на Украина, претседателот Зеленски на состанокот на Советот за национална одбрана и безбедност направи проценка на неговата продуктивна посета на Турција што ја оствари на крајот на неделата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на неговата земја.

Велејќи дека со претседателот Ердоган разговарале во врска со специјалните услови за украинските и турските туристи, Зеленски рече: „Говориме за зголемување на протекот на украинските и турските туристи. Особено сега треба да се поддржуваме меѓусебно. /... /. Според мене ние треба да го интензивираме нашиот туризам и треба да покажеме дека ја поддржуваме Турција.“



Слични вести