Средби и разговори на министерот за надворешни работи Чавушоглу во Турската Република Северен Кипар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Лефкоша е примен кај претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, а се состана и својот колега Тахсин Ертугрулоглу

1622810
Средби и разговори на министерот за надворешни работи Чавушоглу во Турската Република Северен Кипар
tatar cavuşoglu.jpeg

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар го прими министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Лефкоша. 

На приемот во претседателскиот дворец по средбата лице в лице помеѓу Татар и Чавушоглу, се премина на меѓуделегациски разговори.

По разговорите се одржа состанок на тркалезната маса со учество на претседателот Ерсин Татар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и лидерите на политичките партии кои се претставувани во Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

На состанокот, беше направена проценка пред неформалната конференција посветена на Кипар што ќе се одржи под водство на Обединетите нации (ОН) на 27-29 април во Женева во формат 5+1 со учество на двете страни на островот, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Кипарско-грчката управа, и на гаранторските земји (Турција, Грција и Велика Британија).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Лефкоша се состана и со својот колега, министерот за надворешни работи Тахсин Ертугрулоглу.

Потсетувајќи дека во рамките на потрагите за решение на Кипар 53 години како се преговара, Чавушоглу информира дека во текот на ова време кипарско-грчкиот дел и неговиот поддржувач Грција кои не сакаат да споделат ништо со кипарскиот турски народ, или на одржаниот референдум или на маса, ги отфрлија сите предлози за решение.

Двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Ертугрулоглу, на средбата помеѓу делегациите во Министерството за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) направија проценка на прашањето.

Мевлут Чавушоглу истакна дека престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за размена на мислења во врска со кипарските преговори пред неформалниот состанок во формат 5+1 што ќе се одржи на крајот на месецот во швајцарскиот град Женева и дека на разговорите со делегациите под претседателство на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ќе биде  разгледано ова прашање со сите негови детали.

Министерот Чавушоглу, укажа дека ќе биде утврден заедничкиот став на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) на преговорите и дека пред да се отпатува за Женева се планира последниот состанок да се одржи во Анкара и потоа да се отпатува заедно за Женева.

Потсетувајќи дека претходно изјавија дека нема да се седнува на преговори за федерација, Чавушоглу подвлече дека се стои на својот збор. 

Тој напомена дека на состанокот во Женева отворено ќе ги изнесат своите размислувања и дека исто така очекуваат да ги изнесат искрено своите ставови и другите учесници на состанокот. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу додаде дека своите проценки ќе ги изнесат потоа. 

Министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ертугрулоглу исто така го рече следното: "Доколку се посакува на Кипар да се создаде 'законски Кипар' најпрвин треба да се прифати фактот за постоење на 'два одделни дела на Кипар'. Доколку постојат два одделни дела на Кипар, може да се постави на дневен ред и постоењето на еден законски Кипар."

 



Слични вести